(ВИДЕО) Османи: Очекувам Законот за СЈО денеска да помине на Влада

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи најави дека на денешната владина седница очекува да помине законското решение кое се однесува на СЈО. Тој по средбата со претседателот на антикорупциска комисија рече дека продолжуваат со реформите и исполнување на точките од планот 18, а дека државната Комисија за спречување корупција е дел од тоа.

„Денес на Влада најверојатно ќа го донесеме законот за обвинителство што го опфаќа и СЈО и ова значи дека двата система за антикорупција – обвинителството и ДКСК, се еден од клучните успеси во пресрет на препораката од ЕУ“,изјави Османи.

Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, рече дека побарале помош од СЕП за нови простприи за функционирањето на ДКСК, а упати и апел да се достават анкетни листови од сите функционери.

„Нашата комисија нема законски основ да дава мислења на министерства и други субјекти да не доставуваат барања во однос на кампањата“, порача Ивановска.

Во однос на одоговорноста кај функционерите на ДУИ за случаите на непотизам, Османи рече дека партијата дава максимална поддршка во борбата против корупцијата и непотизмот и ќе чекаат одлука на ДКСК да утврдат дали имало влијание при вработувањето на роднините на нивните функционери.

Од Комисијата порачаа дека до крајот на неделата е рокот до кога треба институциите да ги достават бараните документи за предметите кои веќе ги отвори ова тело.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски