Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Од:

Коалицијата ВЛЕН и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, разменија меѓусебни обвинувања откако ВЛЕН објави документ од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тврдејќи дека тој ја демантира реториката на ДУИ за таканаречениот „српски свет“.

Од ВЛЕН наведуваат дека официјалното соопштение по средбата меѓу Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи покажува дека една од темите на разговор било „унапредувањето на положбата на Србите во Северна Македонија“. Според коалицијата, документот е доказ дека ДУИ, додека била на власт, не ги ставала албанските прашања во прв план.

„Документите не лажат. ВЛЕН не се занимава со пропаганда, туку зборува со факти“, велат од коалицијата, обвинувајќи ја ДУИ дека денес ја користи темата за „српскиот свет“ за политички напади.

На ваквите обвинувања реагираше Бујар Османи, оценувајќи дека ВЛЕН се обидува официјални дипломатски средби да ги претстави како политички определби.

Османи истакна дека дипломатијата подразбира средби и со соговорници со кои постојат несогласувања, додавајќи дека тоа е уставна и законска обврска на министерот за надворешни работи.

„Дипломатијата не е средба со оние со кои се согласуваш. Таа постои токму за да се среќаваш со оние со кои не се согласуваш, за да ги браниш интересите на својата држава“, наведува Османи.

Тој посочува дека соопштението на кое се повикува ВЛЕН е документ на Кабинетот на претседателот на Србија, кој ги одразува ставовите на српската страна, а не официјалните позиции на Северна Македонија.

Воедно, Османи ја обвини ВЛЕН дека политички коалицира со партии кои, според него, ја негираат независноста на Косово, го релативизираат геноцидот во Сребреница и го поткопуваат Охридскиот рамковен договор.

„Дипломатските средби се обврска. Коалицирањето е политички избор. Тоа се две сосема различни работи“, порача Османи, додавајќи дека и денес би се сретнал со секој соговорник кога тоа го налага дипломатската функција, но не би избрал политичка коалиција со партии чии ставови ги смета за неприфатливи.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Македонија напредува кон ЕУ

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Катерина Ѓуровски

Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

ВРЕДИ потврди: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ бара истрага за наводите поврзани со тендери за заштитни огради во времето на Ејуп Рустеми