ВЛЕН: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива

Од:

ВЛЕН изрази жалење и огорченост по изрекувањето на првостепените пресуди против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими пред Специјализираните совети на Косово во Хаг.

Од ВЛЕН велат дека изречените казни се високи и неприфатливи и посочуваат дека четворицата поранешни лидери на ОВК и по долг судски процес остануваат далеку од своите семејства и Косово.

„Денешната пресуда не ја доведе во прашање легитимноста на ОВК. Војната на Ослободителната војска на Косово беше праведна борба за слобода, водена во услови на репресија и злосторства на режимот на Слободан Милошевиќ. Оваа историска вистина не може да ја промени ниту една пресуда“, се наведува во реакцијата.

Од партијата нагласуваат дека одлуката е првостепена и оти правната постапка продолжува со жалбите.

„Очекуваме во жалбената постапка сериозно да се разгледаат аргументите на одбраната и да се исправи оваа неправда“, велат од ВЛЕН.

Партијата порача дека стои зад семејствата на Тачи, Весели, Красниќи и Селими, нивните соборци и народот на Косово.

„ОВК се бореше за слобода. Таа вистина не се препишува“, порача ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

ВИДЕО: Протестен марш во Скопје за поддршка на Хашим Тачи и другите осудени водачи на ОВК

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Илјадници граѓани во Приштина со свирежи и солзи ја пречекаа пресудата за Тачи и поранешните команданти на ОВК

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски