Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го повика претсесателот Стево Пендаровски да свика Совет на безбедноста на кој ќе присуствуваат и претставници на опозициските политички партии.

– Една помасовна ескалација во Блискиот исток може да предизвика и бран бегалци кои ќе ја користат балканската рута, а тоа значи и Македонија и оттука мора да ја зголемите оотпорноста на државата за сите можни предизвици – истакна тој.

Бидејќи ова навестува поширок конфликт на Блискиот исток со пошироки последици, амбасадите на Македонија веќе се подготвуваат за наплив на граѓани.

– Информациите за најавениот напад на Иран ги добивме преку НАТО каналите, овој циклус напади кој почна на 7 октомври во Израел, после однесувањето на Израел кон цивилите во Газа, потоа нападот на амбасадата во Дамаск, сега нападот на Иран и најавата за одмазда на Израел е вициозен циклус кој може да ја помине точката на неповрат. Ако на ова го додадеме и конфликтот во Украина, можам да кажам дека не сме биле никогаш поблиску до Трета светска војна.

Не сакам да ги исплашам граѓаните, но кога во реториката на политичарите нуклеарното оружје станува нешто нормално, тогаш навистина бара внимателност. Затоа побарав претседателот да свика Совет за безбедност, бидејќи милиони бегалци низ Македонија може да донесе сериозна дестабилизација на државата – рече министерот.

За Османи, Иран е фактор на дестабилизација во регионот, режим кој не само ги ограничува човековите права на своите граѓани, но вели дека однесувањетпо на Израел во Газа ги надмина сите граници.

Тој ги повика учесниците во изборната кампања да не се шират лажни вести и да се прекине со дискредитирање на институциите затоа што ќе се минира довербата кон МНР и тоа може да предизвика проблеми во извлекувањето на граѓаните од Израел и околните земји.

Би можело да ве интересира

Голем скок на цената на гасот во Европа, раст и на нафтата

Иран немаше избор, а вие ја изгубивте контролата, Оман му испрати остра порака на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иранските напади ја разоткриваат големата ранливост на земјите од Заливот

ВИДЕО: Одмазда на Иран, напади на Катар, Саудиска Арабија и Емирати

ВИДЕО: Трамп тврди дека не знаел за нападот на гасното поле во Иран, Израел го демантира

ВИДЕО: Во Ормутскиот теснец е толку опасно што речиси никој не сака да испрати воени бродови