Општина Гази Баба им подели дрва за огрев на лица од социјално ранливите категории, за новогодишните празници.
Во периодот пред новогодишните празници, како што соопшти Општината, на 70 семејства им биле поделени по еден метар кубен дрва за огрев. Дрвата биле транспортирани до нивните домови.