Охридска банка Сосиете Женерал со донација вредна 600 илјади денари

Од:

Со големо жалење за изгубените човечки животи и настанатите штети од невремето што се случи во Скопје и околината, Охридска банка Сосиете Женерал ја дава својата поддршка и помош за настраданите семејства, посочуваат од банката.

Имајќи ја предвид моменталната состојба и итните потреби на населението во најпогодените населби, а во координација со Црвениот Крст на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал донира храна, покривки и сигурносни обувки.

Поточно, донацијата се состои од 350 фротирски покривки, 200 гумени чизми и 4300 парчиња односно 500 килограми конзервирана храна.

Дел од донацијата ќе биде ставена на располагање на Црениот Крст на Македонија, а останатиот дел денеска беше директно испорачан од тимот волонтери од Охридска банка Сосите Женерал до најзагрозените од поплавите, жителите на Попово Маало во село Стајковци.

Вредноста на донацијата обезбедена од средства на банката и од донација на вработените во банката изнесува 600 000 денари.

Охридска банка Сосиете Женерал верува дека оваа донација ќе значи ублажување на последиците од невремето и верува дека семејствата во најбрз можен рок ќе бидат на сигурно во своите обновени домови, порачуваат од банката.

Би можело да ве интересира

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он

ВИДЕО: Охридска се присоедини кон Шпаркасе Банка

Искра Манојлоска

Невладина организација донира храна, облека и сапун во тетовскиот воспитно-поправен дом

Жарко Настоски

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски

И денес примивме донација – американската фирма УПС му подари фрижидери на Институтот за трансфузиона медицина

Жарко Настоски

Мекензи Скот, бившата сопруга на Џеф Безос, донира 2,74 милијарди долари за борбата против расизмот

Жарко Настоски