Објавен оглас за напредни ИТ обуки на невработени лица

Од:

Невработените лица од денеска до 8. октомври ќе можат да аплицираат за учество на обуки за програмските пакети јава веб девелопер и графички дизјанери, на огласот што го објавија Министерството за труд и социјална работа и Агенцијата за вработување.

За обуката за јава веб девелопер има 15 места, додека за графички дизјанери има 35 слободни места.

– Ова е дел од оперативниот план за вработување и акциски мерки. Со овие обуки  на невработените лица ќе им се овозможи надградба на вештините од областа на напредните информациски технологии кои се насочени кон зголемување на вработливоста и конкурентноста на пазарот на труд, рече на денешната прес-конференција Диме Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски појасни дека во изминатите неколку години обуки за информациски вештини поминале 375 невработени лица, од кои 177 се вработиле на неопределено време. Ова е прв пат да се организираат обуки за јава веб девелопер и за графички дизајнери. 

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска