Обезбедени услови за згрижување предучилишни деца во село Трсино

Од:

Градинката „Гоце Делчев“ од Виница со помош на Министерството за труд и социјална политика во објектот на ОУ „Никола Парапунов“ во село Трсино оспособи простор за згрижување на триесетина деца од предучилишна возраст.

Таму на полудневен престој ќе бидат деца на возраст од две до шест години. Просторот е 147,80 метри квадратни и има посебен влез.

Адаптираната градинка ја отворија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на виничката градинка „Гоце Делчев“ Илија Јованов и градоначалникот на Виница Емил Дончев.

– Една од најзначајните реформи што Владата и Министерството за труд и социјална политика ги преземаат е реформата во областа на заштитата на децата, односно обезбедување современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, рече Спасов.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска