Новинарите не го дочекаа исходот од лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски

Од:

По повеќе од шест часа чекање во Собранието да заврши лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Законот за јавно обвинителство, новинарските екипи ја напуштија собраниската зграда.

Средбата почна околу 20 часот, а до 2.30 часот утрината се уште траеше, без никаква најава за скорешен завршеток. Малку информации од средбата протекоа во јавноста, но извесно стануваше дека преговорите тапкаат во место и дека двете партии не можат да ги усогласат ставовите околу Законот за јавно обвинителство, со кој би се регулирал статусот на Специјалното јавно обвинителство.

Од преговарачкиот тим на власта во текот на вечерта информираа дека главната цел на опозицијата е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од оваа партија да не одговараат пред правосудните органи. За власта, пак, ова значело завршено прашање бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај јавниот обвинител, предметите на СЈО веќе никако не зависат од политички договори, туку исклучиво од независна правосудна институција.

Од ВМРО-ДПМНЕ не дадоа прецизни информации и единствено посочија дека се вртат во круг околу клучните прашања.

Средбата меѓу власта и опозицијата се случи по половина година, откако работните групи не успеаја да најдат заеднички прифатливи решенија за Законот за ЈО кој треба да се донесе во Собранието со двотретинско мнозинство.

Во меѓувреме, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор за случајот „Рекет“ побара Јавното обвинителство да ги преземе сите предмети од СЈО. Обвинителството го прифати предлогот, но останаа голем број дилеми за начинот на кој ќе тече овој процес, за судбината на вработените во СЈО како и за тоа што ќе се случува со аудио-снимките односно прислушуваните материјали, за кои беше надлежно единствено Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

На 27 декември пресуда за ексдиректорот на ЕЛЕМ во „Тарифа“ на СЈО

Васко Маглешов

Ново рочиште за „Талир“

Ана Ололовска

Следното рочиште за „Монструм“ закажано за 19 декември

Ана Ололовска

Талески: Не знам зошто сме обвинети, па ние ги намалувавме цените на превозот

Васко Маглешов

Обвинетиот во „Диво насеље” Халачи и пратил материјали на Фетаи за случајот ,,Монструм”

Ана Ололовска

Кацарска до Талески: Не сте во судница за „Жабени“ и наградите на Општината

Васко Маглешов