Во организација на граѓанското здружение „Тврдокорни“ попладне во центарот на Скопје се одржа мирен протест, преку кој беше побарана аболиција на, како што наведуваат од здружението „уставобранителите“.
– Имаме четири прашања кои се важни, аболиција на нашите уставобранители, законот за јазиците, миграцијата и бугаризацијата, изјави Драган Угриновски, претседател на здружението „Тврдокорни“.
Протестот, проследен со полициско обезбедување, почна пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и продолжи пред Владата и Собранието и Споменикот на бранителите.
Граѓанското здружение „Тврдокорни“ најави дека кога ќе се носи законот за двојазичност, на 13 септември, повторно ќе излезат за да го искажат своето незадоволство.