Нов оглас за вработување на 30 деца без родители

Од:

Уште 30 лица кои до 18 години имале статус деца без родители и родителска грижа ќе бидат вработени со новиот оглас за вработување кој е во тек и е отворен до 4 март. Во декември лани беше објавен оглас за вработување на исто така 30 лица без родители и родителска грижа, за што постапката е во завршна фаза.

– Во тек е нов оглас преку програмата Д10 за вработување на 30 деца без родители и родителска грижа. Јавниот оглас трае до 4 март и сите оние кои се заинтересирани и немаат редовно работно место, а биле деца без родители и родителска грижа до 18 години можат да аплицираат, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на СОС Детско село.

Програмата, појасни, се реализира од 2013 година и замислата е системски да се реши проблемот за вработување на овие лица. Спасов информира дека досега се вработени 83 деца без родители, во завршна фаза е постапка за вработување на 30 деца, а 30 нови дополнително ќе се вработат со огласот кој е во тек.

– Вкупно од 2013 година заедно со овој последен оглас ќе се вработат 143 деца без родители и росителска грижа во јавната администрација. Ова е успешен показател и системско решение со кое се покажува дека со државна помош може да се создаде сигурна иднина за овие деца кои во минатото ја немале, истакна министерот за труд и социјална политика.

На ваков начин, рече Спасов, имаат можност да обезбедат редовно работно место, редовни приходи, да застанат на здрава основа и во иднина да остваруваат приходи, да се реализираат себеси, а со напорна и вредна работа, како што истакна, да си помогнат не само себе си, туку и на државата работејќи за државните иституции.

– Како Влада и натаму ќе продолжиме со директна и непосредба грижа воведувајќии најразлична видови поддршка, впрочем како што го правиме тоа и досега, додаде министерот Спасов.

Раководителот на СОС Детско село, Виолета Георгиевска истакна дека благодарение на оваа програма започнало вработувањето на децата без родители и родителска грижа и оти досега се вработени двајца младинци од оваа институција.

– Годинава веруваме дека ќе се вработат уште неколку младинци кои ги исполнуваат критериумите. Ова е многу важно заради тоа што на ваков начин тие имаат сопствени приходи, се јакне нивната самодоверба што ги води на пат на нивна независност, која пак придонесува тие да не се вратат во системот на социјалната заштита од каде што излегле, рече Георгиевска.

Силвана Ивановска е една од двајцата младинци од СОС „Детско село“ која се вработила со помош на оваа програма.

– Се вработив пред две години кога почна имлементацијата на програмата Д10. Прво работев во Министерството за труд и социјална политика, а сега во Министерството за надворешни работи, сум задоволна бидејќи сега можам самостојно и независно и да напредувам. Затоа сакам да укажам на важноста на оваа програма и благодарност до МТСП и Владата кои изнајдоа начин како да го решат проблемот со вработувањето на децата без родители кои беа во голем број невработени. Сега тој број се намалува, рече Ивановска.

Јулијана Гапо, извршен директор на СОС Детско село, смета дека дека вработувањето на секој млад човек во денешно време е голем предизвик, особено, како што рече, за младите од оваа ранлива категорија.

– Ја поздравуваме оваа иницијатива која се имплементира неколку години, и веќе има успешни приимери. Таа дава можност за подобра и поуспешна иднина. Ние со нашата работа се обидуваме да им помогнеме на децата да станат самостојни но со оваа иницијатива ќе им се помогне да станат успешни млади луѓе и да се интегрираат во заедницата, рече Гапо.

За реализација на вработувањата од последниот оглас се издвоени 5 милиони и 250 илјади денари, а вкупно досега се издвоени над 34 милиони денари за сите вработувања.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска