Нов Центар за поддршка на жртвите на семејно насилство

Од:

Во Општина Гази Баба се отвори нов Центар за лица- жртви на семејно насилств во оваа општина. Центарот кој е проект на Министерството за труд и социјална политика заедно со финансика поддршка на Канцеларијата на УНДП, ќе обезбедува дневно и привремено прифаќање на овие лица, кои ќе можат да престојуваат најмалку три месеци, а намногу до една година. Лицата жртви на семејно насилство ќе можат да добијат советодавни услуги, услуги во врска со храна, дневен престој одржување на хигиена како и соработка и поддршка од граѓанските организации.

Овие центри се дел од систематското решавање на проблемот со семејното насилство, а бидејќи постои и потребата паралелно да се работи и со сторителите на насилството, во рамките на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, формирано е Советувалиште во кое ќе се работи со сторителите на насилството. Ова советување ќе има за цел да го спречи насилното однесување на сторителот на семејно насилство и да му помогне да воспостави самоконтрола над своите емоции и однесувања, како и увиди дека се однесувал насилно и да ја прифати одговорноста.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасев, изјави дека овој центар ќе им помогне на жртвите на семејното насилство за одреден период да бидат одвоени од средината во која се случило насилството, како и дека ќе им помогне во надминувањето на последиците од насилството.

Спасов потенцираше дека центарот е наменет за згрижување на жените и нивните деца доколку постои отворена опасност и закана за нивниот живот и здравје, примена на физичка сила, закани или заплашувања од друг член на семејството.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска