Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

Од:

Владата не помага, советниците на ВМРО ДПМНЕ го блокираат буџетот намерно, во јавните препријатија нема реални проблеми туку политички измислени од лица кои се борат за свои привилегии и привилегии на нивните семејства вработени во јавните претпријатија –  ова е накратко сумирана прес конференцијата на градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска.

Во однос на случувањата во јавните претпријатија како Водовод и ЈСП, Арсовска децидна, нема да седне на маса со Сојузот на Синдикати бидејќи според неа се е иницирано политички поради тоа што нечии приватни интереси не биле испочитувани како што тоа некој претходно го правел. Лица кои се преставуваат како борци за правата на работниците всушност се борат само за своите привилегии кои порано ги имале а сега ги изгубиле, вели Арсовска.

„Се работи за лице кое се преставува за претседател на Синдикат, и јас сметам дека тој треба да ги штити работничките права, а не да го штити личниот интерес. А господинот Мичо Стојановски кој вели дека имало проблем во ЈСП, е самиот е вработен со солидна плата во јавно претпријатие, неговата сопруга си ја вработил, а си го вработил и неговиот син. А бидејќи немало потреба од таков ангажман, договорот на неговиот син не е продолжен кога завршил.“ вели Арсовска и додава:

„Јас мислам дека токму тоа е причината што го осакатија градот Скопје, првпат по 30 години да го остават без јавен превоз половина ден. И порано се доцнело со плата па не се случило да нема превоз, а сега немаше не дека се доцни со плата туку бидејќи на некој не му бил реализиран личниот интерес.“ вели Арсовска

„Со политички инструирани лица и со лица кои работат за личниот интерес, односно кои не се борат за заштита на правата на вработените, нема што да преговараме. Тоа се лица кој работат за заштита на правата на својата сопруга, односно на пицеријата во која се договараат работи од јавен интерес, со такви лица ние нема што да преговараме на маса. Можат до утре да штрајкуваат но со нив нема што да се договара, треба овој систем да заврши и да се обнови со нешто чесно што ќе ги брани интересите на вработените кои немаат земено 3/6 месеци плата, и тој синдикат не ги брани тие луѓе туку оди исклучиво во заштита не интересот на неговата сопруга чии привилегии и се одземени во јавното претпријатие„ потенцира градоначалничката.

Би можело да ве интересира

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителство со фалсификатите на Висар Ганиу

А1он