Првата група од 400 дечиња кои од втори до осми јануари ја користат бесплатна услуга за одмор и рекреација денеска безбедно и навремено пристигна во одморалишата во Пелистер во Битола и во Бунец во Маврово.
Со ова, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, започна реализацијата на вториот дел од Проектот користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на 3.000 деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток. Според проекцијата 1000 дечиња ќе одат на бесплатен зимски одмор и рекреација во престојниот период.
Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар до одмаралиштето и обратно е во организиција на Министерството за труд и социјална политика.
Втората група, услугата ќе ја користи од 8-ми до 14-ти јануари, а третата од 14-ти до 20-ти јануари. Така, поделени во три групи, односно смени, околу 600 дечиња ќе заминат на зимски одмор во одморалиштето Пелистер во Битола и околу 400 дечиња во Бунец во Маврово.