Лицата со инвалидност добија непречен пристап до Министерството за труд и социјална заштита (МТСП) кое подолго време го немаа, соопшти денеска МТСП.
Како што информираат, вчера се одржала средба со граѓански здруженија и организации на лицата со попреченост при што оваа институција била посетено и од првото лице со попреченост кое што можело само без помош од други лица да влезе непречено во просториите на Министерството за труд и социјална политика.
– Токму вчерашната средба беше и можност да се потенцира значењето на цврстиот партнерски однос и активното учество на лицата со попреченост и нивните семејства за унапредување на положбата на лицата со попреченост до позиција на рамноправни граѓани кои ќе ги уживаат сите права и одговорности во општеството, соопштува МТСП.
Најавува дека во иднина проактивно ќе се ангажира и грижи за заштитата на сите граѓани, посебно на лицата со попреченост и ќе вложува максимални напори за нивен пристап до сите институции и нивно слободно движење.