Меморандум за соработка за достигнување воедначен развој на лицата со и без физичка попреченост на целата територијата на Република Македонија потпишаа министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски и претседателот на невладината организација „НВО Детски свет-Нов почеток“ Суарет Алишан.
Потпишувањето на Меморандумот според министерката има цел да ја укажат еднаквоста кај лицата со и без сетилна попреченост со пораката „Место за сите има – Еднакви под сонцето“.
– Сетилната попреченост отсекогаш била и ќе биде тешка попреченост, па согласно со тоа неопходно е континуирано да се следат специфичните потреби и проблемите на Вас лицата со сетилна попреченост, истакна Ташевска Ременски.
Модерната технологија, рече таа, го олеснува нивното секојдневно живеење, но и дека сеуште постојат уште голем број на специфични потреби кои што може и мора да се решаваат.
Главната цел е достигнување воедначен развој на лицата со и без физичка попреченост на целата територијата на Република Македонија, како и создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што промовираат интеракција меѓу децата и младите.
Потишувањето на Меморндумот беше надополнет од млади музички таленти кои своите сетилни препреки не ги гледаат како пречка за нивната музичка надоградба и творење.