МТСП демантира дека се работи на законски измени за предвремено пензионирање

Од:

Во врска со написите поврзани со наводните „Нови измени во Законот: Жените во пензија на 59, мажите на 61 година“ Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира ваквите шпекулации и воедно ја информира јавноста дека не работи на законски измени поврзани со предвремено пензионирање.

Исто така, Министерството за труд и социјална политика не може да даде одговор за некаква иницијатива од Организацијата на работодавачите на Македонија којашто не е доставена до нас.

Доколку Организацијата на работодавачите на Македонија мисли на иницијативата доставена до МТСП точно пред две години, за истата Министерството, како што знаат и самите, одржа средба со ОРМ и заинтересирани работодавачи членки на ОРМ, на која што им беа пренесени ефектите од иницијативата.

Потенцираме дека ниту Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија не работи на предмети доставени од Организацијата на работодавачите на Македонија.

Повторуваме дека постојните законски одредби за остварување на право на старосна пензија се: 62 години возраст за жена, односно 64 возраст за маж и најмалку 15 години пензиски стаж, соопштуваат од МТСП.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска