Министерските места на ВМРО-ДПМНЕ да останат празни додека не одлучат да ја поддржат техничката влада, вели Ковачевски

Од:

Местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада да останат празни додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за владата, бара премиерот Димитар Ковачевски. Тој повика идниот мандатар, Талат Џафери да направи влада во која министерските и дополнителните заменички министерски места да бидат празни, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да ја поддржи техничката влада, тогаш да се вметнат и нивните министри.

„Кога се учествува во влада, тоа значи дека таа влада треба да се поддржи. Во светот не постои пример политичка партија која има учество во влада, да не гласа за владата. ВМРО-ДПМНЕ согласно закон треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа влада. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за таа влада, тогаш тие места треба да бидат празни, мандатарот да предложи влада во која тие места ќе бидат испразнети и во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи владата, тогаш наредниот ден ќе може мандатарот да предложи да се изгласаат министрите кои што им следуваат“, рече Ковачевски.

Министрите од ВМРО-ДПМНЕ, според премиерот, мора да присуствуваат на седниците на владата, наспроти тврдењето на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека неговите министри во техничката влада нема да присуствуваат на владини седници.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!