Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од завршниот митинг во Брвеница порача дека доаѓа времето на вистината и правдата и дека Мицкоски и неговата ВМРО, ќе одговараат.

Филипче посочи дека Мицкоски преку црни кампањи, напади и обиди за замолчување на опозицијата сака да ја спречи СДСМ да ја разобличува власта. Тој порача дека нема да се откаже од борбата и дека ќе дојде времето кога ќе има одговорност за криминалот и корупцијата на власта.

„Пред некој ден, Мицкоски дојде и овде, во Милетино, и на митингот кажа, СДСМ треба да се уништи. И еве да му одговарам од овде. Знам се што правиш, Христијане. Знам дека сакаш да уништиш СДСМ. Затоа што се плашиш. Затоа што ние не сме ти под контрола. Затоа што сме единствената, силна, кредибилна опозиција во земјава. И се плашиш затоа што ќе одговараш и пред нас, и пред народот, и пред европското обвинителство“, рече Филипче.

Тој додаде дека Мицкоски наместо да се соочи со критиките и да одговори за своите постапки, се обидува да ја дискредитира опозицијата преку навреди, закани и медиумски напади.

„Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми. Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети. Затоа ги правиш новите сателити. ЗНАМ, веќе се распадна и не постои. Тоа го искористи. Ти требаше нова платформа. Втор дел на ЗНАМ. Ти требаат сателити. Како Левица против НАТО, против Европа, против албанскиот јазик“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ во обраќањето му порача на Мицкоски дека залудни му се сите сателети бидејќи СДСМ е како пиреј и нема да биде уништен и останува посветена на граѓаните и на европската иднина на државата.

„Христијане, нека не те лажи умот. Ние сме како пиреј. Никој нас не може да не уништи. Затоа СДСМ е со народот, СДСМ е граѓаните, работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во ова земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државнички политики. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра