(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

Од:

Скандалот со договреното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност. Не театар, повикување амбасадор, потерници и најави притвор, префрлање одговорност, спинови. Одговорност, од прв до последен! Панче Тошковски јавно изјави дека граница што е решето. А кој раководи со МВР и кој е надлежен да ја обезбеди таа граница? Тошковски. На сите ни е јасно дека Мицкоски го штити Тошковски, изјави Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

– Така изгледа кругот на политичката заштита на ВМРО-ОКГ: Мицкоски го штити Тошковски, а Тошковски ја штити криминалната банда на власт. Правда нема. Никој не одговара, сите бегаат, најмногу бегаат преку граница. Затоа бараме оставка од Тошковски. Нема одговорни за пет тони дрога кои помина преку границата, никој не одговара за криминалните тендери, за тепањето на младите во Ново Село.

За Кочани нема одговорни. Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава. Кога го пречекаа со црвен килим на граница рекоа дека постојат сериозни безбедносни ризици и дека неговата безбедност не може да се гарантира во затворски притвор. Што се смени? Како тоа опасноста исчезна преку ноќ? Исто како со Михаилова. Доста се политички дилови. Доста е оваа фарса. Правосудството е само театарска сцена која Мицкоски ја контролира во целост. Затоа во извештајот на Европската комисија се наведува мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети и им дели задачи на телевизија и по телефон. Народот го нарекува талог и мочуриште. Се е фарса. Доста е театар. Вистината на виделина. Одговорност веднаш, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

Нема здравствен случај кај Михајлова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа, вели Клековски

Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?