Министерот за труд и социјална политика Диме денеска ги посети објектите во Пехчево на кои е планирано да се градат дом за стари лица и градинка.
Спасов имаше и средба со граѓани.
– Министерството за труд и социјална политика во рамки на планираните буџетски средства ќе помогне да се отворат детски јасли во градинката „7 Септември“ и ќе се заложи за реализација на идејата во Пехчево да се изгради дом за стари лица, изјави министерот Спасов по посетата.