Министерот Спасов во Охрид го отвори првото регионално советувалиште за брак и семејство

Од:

Во центарот за социјални работи во Охрид денеска беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа преку која што ќе им се даваат бесплатни услуги на граѓаните за надминување на проблемите во бракот и во семејството, со кои се соочуваат жителите на Охрид, но и жителите на околните општини.

Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и сите граѓани кои што стапуваат во брак со цел да се започнаат со нивните права и обврски.

„Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на разводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира. Спроведени се обуки од заводот за социјални дејности и вработените коишто ќе работат во советувалиштето за брак и семејство. Во него се вклучени најискусните стручни лица“, истакна министрот за труд и социјални работи Диме Спасов.

Министрот додаде дека верува дека овие советувалиште ќе придонесат за демогравскиот развој во нашата држава и во насока на зголемување на наталитетот.

Според првиот човек на министерството за труд и социјала, потребата од отворање на овие советувалишта ја совледале бидејќи низ државава се отвориле приватни советувалишта кои ги наплаќаат своите услуги, а од друга страна постојат граѓани кои немаат доволно средства.

Советувалиштето за брак и семејство е прво советувалиште кое се отвори во Македноја. Според најавите во државава треба да се отворат уште десет.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска