Министерот Спасов ја посети самохраната мајка Сузана Георгиева Дуранчиќ

Од:

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со претставници на Црвениот Крст на Град Скопје и Центарот за социјални работи Скопје денеска во Специјалната болница за хируршки болести „Св.Климент Охридски“ ја посетија Сузана Георгиева Дуранчиќ самохраната мајка чија нога беше ампутирана.

Во разговор со Сузана, соопшти Министерството за труд и социјална политика, Спасов се информираше за нејзината здравствена состојба. При тоа, тој и пренесе дека веќе е започната постапка за доделување на еднократна парична помош и остварување на права од социјална заштита како постојана парична помош и детски додаток. Исто така ќе биде започната постапка за доделување парична помош за нега од друго лице.

На семејството Дуранчиќ му се доделува социјален стан на користење каде тие после напуштањето на Заводот за рехабилитација ќе можат да живеат во пристојни услови. Црвениот крст на Град Скопје ќе се ангажира околу уредувањето и опремувањето на станот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска