Затворањето на бугарските клубови во Република Северна Македонија ја зголемува тензијата, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков.
Тој изјави дека претпочита да не го коментира интервјуто на македонскиот претседател Стево Пендаровски, во кое тој вели дека во последните две години немал ниту еден конструктивен разговор со неговиот бугарски колега Румен Радев. Тој, сепак, изјави дека откако е усвоен таканаречениот европски предлог, не гледа ниту еден чекор за негово спроведување или за имплементација на Договорот за добрососедство.
„Претпочитам да не ја коментирам изјавата на Пендаровски. Дајте им малку мир, бидејќи очигледно оваа ескалација на тензијата и подигнувањето на степени работи на штета на она што треба да го направат. Дали свесно се обидуваат да ја подигнат тензијата Не знам, но она што би го кажал е дека откако е усвоен таканаречениот европски предлог, не гледаме да се направи ниту еден чекор за негово спроведување или Договорот – ниту учебниците, ниту ништо“, рече Милков.