Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Од:

Претседателот Румен Радев му врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов на церемонија во претседателската резиденција. На почетокот на церемонијата беше отсвирена бугарската химна. Во салата присуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова и техничкиот министер за надворешни работи Иван Кондов.

Љубчо Георгиевски е претседател на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, што беше затворен од властите во Република Северна Македонија, а Благој Шаторов е негов секретар.

Потпретседателот ги потпиша указите за добивање бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло. Јотова му врачи бугарски лични документи на Христијан Пендиков во почетокот на мај.

Обвинителството во Битола покрена обвинение за ширење омраза и ксенофобија на Георгиевски во почетокот на мај.

Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид и културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола беа затворени од Централниот регистар на Република Северна Македонија по одлуката на Министерството за правда и добиениот негативен став на комисијата за имињата.

Оваа одлука беше како резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласан едногласно во Парламентот на Северна Македонија, којшто забрани формирање организации, кои своите имиња, програма, цели и поттикнуваат кон агресија, разгорување на национална, расна, религиозна омраза или друга нетрпеливост, геноцид, истребување, ширење и помагање и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот рајх.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

Орце Костов

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

Орце Костов

Обвинение за „шефот“ на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, ја навредил еврејската заедница во Македонија

Горан Наумовски