Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Од:

Лидерот на Бугарската народна партија, Румен Радев, изјави дека борбата против инфлацијата и растот на цените ќе бидат меѓу главните приоритети на новата влада, чиј состав денеска треба да биде изгласан во парламентот.

При пристигнувањето во Народното собрание, Радев порача дека бугарските граѓани во моментов најсилно ги чувствуваат последиците од поскапувањата и економската неизвесност.

„Галопирачките цени и инфлацијата се најитните проблеми со кои се соочуваат граѓаните“, изјави Радев, додавајќи дека новата влада ќе направи детална финансиска анализа на состојбата во државата и ќе бара начини за откривање на, како што рече, „скриените дефицити“.

Тој најави дека уште од понеделник ќе бидат предложени законски измени насочени кон поголема контрола на цените, но нагласи дека не станува збор за директно замрзнување или ограничување на цените.

„Постојат механизми што ќе ги искористиме максимално“, рече Радев.

Во однос на составот на кабинетот, тој истакна дека биле избрани професионалци и луѓе со докажани квалитети, кои треба да се справат со сложените економски и институционални предизвици.

Меѓу приоритетите на идната влада, Радев ги посочи и буџетот, дефицитот, изборот на нов Врховен судски совет и Планот за закрепнување и отпорност.

Тој додаде дека ќе се бараат можности за кратење на трошоците таму каде што е можно, но без намалување на приходите и социјалните плаќања за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

А1он

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува