Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

Од:

Европа не инсистираше на преговори со Русија на време и сега мора итно да ја преиспита својата стратегија кон војната во Украина, изјави денес во Париз, бугарскиот премиер Румен Радев, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.

Радев оцени дека стремежот кон „мир преку сила“ и обидот да се постигне „конвенционална победа над најголемата нуклеарна сила во светот“ ризикуваат опасна ескалација на конфликтот, вклучително и нуклеарен конфликт, пренесува агенцијата БТА.

Радев потсети дека Бугарија досега ѝ обезбедила политичка, хуманитарна, дипломатска и воена поддршка на Украина, но исто така предупреди дека Софија треба внимателно да ги процени сите идни финансиски или воени обврски во сегашната безбедносна средина.

Би можело да ве интересира

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа