Мицкоски повика на масовен протест за бугарскиот клуб во Охрид: Ова е провокација, процес за уништување на македонскиот идентитет

Од:

На седми октомври во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен клуб во Македонија, а ќе го носи името „Цар Борис Трети“, кој бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна и окупацијата на Југославија, а во нејзини рамки и на Македонија. Ова за Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ е провокација и повикува на масовен протест при отворањето.

„Дека е провокација, е несомнено. Груба провокација, резултат на тоа што ние како ВМРО го зборуваме цело време. Не станува збор за процес на интеграција, туку на асимилација, за уништување на македонскиот идентитет. Ова што денеска се случува е шокантно за Македонците, но и Евреите. Тука не гледам никаква потврда Договорот за пријателство да го нарекуваме вака. Тоа што го прават бугарската Влада и добрососедство, нема никаква врска со пријателство. Секој што смета дека треба да протестира, треба да протестира. Протест да, поддржувам, ги повикувам масовно граѓаните да излезат, но тој протест да биде мирен и демократски, да не дозволиме било каков инцидент да дефокусира“, вели Мицкоски.

Специјален гостин на отворањето ќе биде бизнисменот и филантроп д-р Милан Врабевски, со чија финансиска помош е отворен клубот.

Најава за отворањето на бугарски културен клуб со името Цар Борис III предизвика многу реакции. Најавени се протести. Се дозна дека охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

Орце Костов

Обвинение за „шефот“ на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, ја навредил еврејската заедница во Македонија

Горан Наумовски

МВР го расчисти случајот со претепувањето на копретседателот на бугарскиот клуб во Струга

Љупчо Георгиевски обвинет за ширење омраза: Претседателот на клубот во Битола ги навредил чувствата на Македонците

Орце Костов

Милков: Затворањето на бугарските клубови ја зголемува тензијата, не знам дали Македонија е свесна за тоа

Орце Костов