Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Од:

Струшкото обвинителство поднесе обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко за несовесно работење, второ во дваесет дена. Првото, за набавката на Аудито го поднесе обвинителството за организиран криминал и корупција, а новото, за поставување директор на училиште надвор од прописите пак, го поднесе струшкото обвинителство.

Во обвинителствата има 16 активни предмети против Мерко, вклучувајќи ги и овие два кои завршија со обвинителен предлог. Од 2006 година пак, бројот на предмети кои поминале низ рацете на обвинителите, а поврзани со градоначалникот на Струга бил 30, но со текот на годините, дури 14 предмети застареле.

За застарувањето на предметите пак, не одговараше никој од обвинителите кои ги воделе предметите. Дел од нив добија само „укажување“ од страна на надзорниците кои ги испрати државното обвинителство минатата година, откако Мерко беше ставен на црната листа на САД, со наводи за крупна корупција.

А1он побара изјава од струшкиот градоначалник и при првиот обвинителен предлог на 1 март, како и денеска, но тој одбива да даде одговор на нашите прашања. Откако беше ставен на црната листа на САД, Мерко се повлече од партиските функции и не е активен член на ДУИ, но одби да се повлече од градоначалничката фотелја.

Би можело да ве интересира

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Тврд став на Техеран – нема попуштање пред САД

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата