WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

Од:

„Волстрит џурнал“ објави текст за американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, во кој се наведува дека таа на вечера со грчки владини претставници во март годинава рекла дека САД можат да соборат влада на која било држава.

Според весникот, Гилфојл на вечерата разговарала со неколку членови на грчката влада, меѓу кои и со министерот за енергетика Ставрос Папаставру. Разговорот, како што пишува „Волстрит журнал“, се однесувал и на политичката криза и падот на владата во Романија.

Во текот на разговорот дошло до вербален спор откако Гилфојл дала коментар за случувањата во Романија.

„Тоа можеме да му го направиме на секого. Можеме да го направиме и овде“, ја цитира весникот Гилфојл.

Папаставру, според „Волстрит журнал“, одговорил дека САД не можат да ја соборат грчката влада бидејќи таа е избрана од грчкиот народ.

Весникот пишува и дека Гилфојл, откако ја презела функцијата во Грција, значаен дел од своите активности го насочила кон проширување на мрежата на купувачи на американски течен природен гас. Според написот, таа често патувала и во други балкански земји, каде што разговарала за договори со американски компании.

Во тие активности, според „Волстрит журнал“, бил вклучен и Кристос Марафатсос, лобист на грчката градежна компанија „Актор“. Весникот наведува дека Марафатсос присуствувал на повеќе состаноци на Гилфојл со претставници на владите во регионот.

Покрај разговорите за американскиот течен природен гас, според написот, на состаноците биле промовирани и услугите на „Актор“. „Волстрит журнал“ наведува дека Марафатсос толку често присуствувал на состаноците што некои владини претставници го сметале за шеф на кабинетот на американската амбасадорка.

Во текстот се наведува и дека Гилфојл била испратена во Грција по барање на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според извори цитирани од весникот, сакал таа да биде испратена „што подалеку“ од неговиот најстар син Доналд Трамп Џуниор, со кого претходно била свршена.

Адвокатите на Трамп, сепак, негираат дека тој го дал таквиот коментар.

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски