Меморандум за соработка во областите на трудот и социјалната сигурност ќе биде потпишан денеска меѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност на Народна Република Кина.
Меморандумот во Скопје ќе го потпишат македонскиот министер за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и заменик министерот на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност на НР Кина, Фу Џингуо.