Меџити го разрешил Јовев за да има повеќе време со пациентите: Го повика да му биде советник

Од:

Министерот за здравство Фатмир Меџити за разрешениот директор на Кардиохирургија, професор д-р Сашко Јовев рече дека му е пријател и пред неколку дена пиеле кафе заедно и дека му понудил да му биде советник во кабинетот како национален координатор за кардиохирургија.

– Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги – објасни министерот Меџити.

Министерот рече дека причина за разрешувањето на Јовев е нивното несогласување во врска со плаќањето на дежурствата во текот на 2022 година.

Вчера адвокатот на кардиохирургот Сашко Јовев, Мите Михајловски откри дека решението за разрешување било навреда за здравиот разум на сите и затоа ќе следи тужба за министерот за здравство, Фатмир Меџити.

– Решението е навреда за здравиот разум на сите нас. Во него стои дека има исплатни листи за дежурства, а дежурството не го одобрил министерот за здравство. Замислите доаѓа некоја со итна потреба на клиниката, портиртот да му рече „извинете дојдете утре, немаме дежурен лекар, не одобри министерот“.

Злоупотреба е од министерот ако не дал согласност да се организира дежурство. Нема причина за разрешувањето. Да, ќе следи тужба, ова не може да помине вака. Имам еден апел до колегите на професорот Јовев. Ако не се обединат сега, втора шанса нема да има – рече Михајловски.

Би можело да ве интересира

Зголемена смртност на Кардиохирургија нема, разрешен сум противзаконски – Шокаровски вели дека има хајка против Клиниката

Анита Петровска Рајковиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Иљази за разрешениот директор: Петровски ја вработи снаа му, а не можеше биологот и 18 лица

Орце Костов

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

Орце Костов

Координатор во Влада поплатен од министер: Функционерите ќе имаат високи плати и покрај намалувањето

Орце Костов