“Нејќам три, нејќам два, еден јазик сакам ја“, “Проклети да се шпионите“, “Македонија, Македонија“ извикува околу 400 луѓе кои под водство на новоформираната организација “Тврдокорни“ маршираа од Соборниот храм до паркот Жена Борец каде положија цвеќе пред споменикот на Бранителите. Претходно во Соборниот храм се читаше и повторуваше од сите молитва “Спаси ги Господе твоите луѓе, верувај му на нашиот православен народ…“
Тие кажаа дека не се поврзани со ниту една партија, а излегле на улица поради поради “молкот на оние кое се сметаат дека се најголеми и молкот за агресијата од Тирана од Приштина“.
-Нашите две партии ја премолчеа платформата, тој неважечки документ, за да преговараат и да се пазарат околу нова влада. Нас не не интересира кој ќе формира нова влада, туку зошто после објавување на платформата молчевте? Бараме одговор што договоривте во Мала Речица. За нас Платформата е ништожна и не е документ за остварување нечии права туку за укинување на македонското дело. Тоа што го уништивте во овие 25 години ние сме подготвени да го излечиме. Ние кажуваме доста, имаме институции, ќе ги чуваме, изјавија пред Споменикот на бранителите.
<
Тврдокорни најавија дека ќе има и понатаму притисок со мирни маршеви, се додека не се решела работата за доброто на Македонија.