МАН го осуди нападот на новинарот на ТВ Телма

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осудува последниот инцидент што се случи пред Министерството за внатрешни работи, во кој физички беше нападнат новинарот Павле Беловски од телевизија „Телма“. 

МАН бара од надлежните најитно да се расветли случајот бидејќи, како што се наведува, ова претставува атак врз слободата на изразувањето и атак врз новинарската фела.

– И досега се случувало физички да бидат напаѓани новинари, што е дополнителна причина да бараме расветлување на сите без исклучок, се вели во соопштението од МАН.

Би можело да ве интересира

МАН: Целосна поддршка на „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк

Ана Ололовска

МАН: Ние предлагаме интернет-порталите законски да станат медиуми, ЗНМ се противи

Жарко Настоски

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите на МРТ и на АВМУ преку постоечкиот закон

МАН: Тричковски треба да биде санкциониран, „Слободен печат“ да се огради од неговите ставови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Протест за поддршка на сопственикот на „Инфомакс“: Притисокот што се прави е неподнослив

Кристијан Ландов

Македонската асоцијација на новинари бара премиерот да се извини