Македонската асоцијација на новинари бара премиерот да се извини

Од:

Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја аферата „Рекет“ рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата, реагираат од Македонската асоцијација на новинари.

Оттаму сметаат дека оваа изјава преставува директна закана кон медиумите и новинарите и формите на слободно изразување.

„- Премиерот директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа.

Со овие закани, се врши директен политички притисок, исто како што се вршеше јавен и политички притисок да се обезбедат 100.000 евра пари на граѓаните за платена политичка кампања на СДСМ за 1ТВ за претседателските избори.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од премиерот Зоран Заев да престане со закани и да се извини за дадената изјава.

МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Правниот тим на МАН им стои на располагање на сите новинари кои се предмет на закани и притисоци.“, се наведува во реакцијата на МАН.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов