„Мајчинство“ бара поскоро носење на законите за унапредување на правата на жените

Од:

Невладината организација „Мајчинство“ денеска побара што поскоро собраниската Комисија за труд и социјална политика да ги донесе измените на законите што ќе значат унапредување на правата на жените и спречување на половата дискриминација на жените во работниот однос.

– Ја поздравуваме одлуката за дополнување на Законот за работни односи кои се однесуваат на унапредување на правата на жените, односно унапредување на правата на бремените жени поврзани со нивните услови за работа. Со овие измени на Законот се очекува да се обезбедат механизми за спречување на сите облици на полова дискриминација на жените при интервју за работен ангажман, како и доста честите случаи на откажувањето на договорот за вработување на жените што се веќе работно ангажирани и кои се наоѓаат во состојба на бременост, изјави Весна Рајчевска, претставник на НВО „Мајчинство“.

Особено важни тие ги сметаат одредбите кои прецизно ги предвидуваат работните услови кои треба да обезбедат со цел да се овозможи повисока заштита на здравјето на жената и здравјето на нивните деца, во тејот на работниот однос.

– Ги повикуваме сите политички партии што поскоро да се донесат овие измени со кои ќе се подобрат правата на жените и со нив ќе се обезбедат подобри услови при нејзиното вработување, рече Рајчевска.

Соопштение-писмена реакција на СДСМ на изјавите на здружението „Мајчинство“

Почитувани,

Сметаме дека своите забелешки Здружението „Мајчинство“ ќе беше најсоодветно да ги упати до владејачкото мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ кое со договорениот хаос го руши достоинството на законодавниот дом.

Груба манипулација и лага е дека претседателката на Комисијата за труд и социјална политика или пак опозицијата на било каков начин го доведува во прашање донесувањето на законите од областа на социјалната политика.

Со ваквата денешна реакција се добива впечаток дека ова здружение се става во служба на приземното сценарио на владејачката партија, според кое за сите нивни неодговорни политики треба да биде обвинета опозицијата.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска