Локвенец: Граѓаните мора да знаат дали навистина постојат закани по безбедноста на државата

Од:

Собранието на Република Македонија, а со тоа и граѓаните, мора да бидат информирани реално, точно и навремено за тоа дали навистина постојат закани по безбедноста на државата.

Ова е особено важно после шпекулациите и сеењето страв од Ѓорге Иванов.

Затоа, денеска свикав седница на Комисијата за надзор над УБК и АР во рамките на остварување на надлежностите на комисијата за контрола на работењето на овие две институции.

Седницата беше закажана по иницијатива на пратениците од опозицијата, а со цел надлежните институции да дадат одговор дали постојат опасности и закани за безбедноста на граѓаните и уставниот поредок на Република Македонија.

Дали навистина власта има контрола врз безбедноста или самата таа е причинител за бројните ризици?

Надлежните раководни лица на овие две инситуции изразија уверување дека сите закани се следат, но од наша страна беше укажано дека не е потребно само да се следат активностите и опасностите, туку мора да бидат превземени поинтензивни мерки за спречување или неутрализирање на можните опасности.

По демократските промени, новата, одговорна влада на СДСМ, на најтранспарентен начин ќе ги информира граѓаните за ризиците и ќе ја гаранитира безбедноста на сите граѓани, рече Хари Локвенец, претседател на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Локвеец: На ВМРО ДПМНЕ не им пречи Северна Македонија кога треба да станат дел од извршната власт

Предраг Петровиќ

Ѓорге Иванов ја доби антикорупциска на Управен за унапредените генерали за време на избори

Васко Маглешов

Антикорупциската комисија поведува постапка за становите на Иванов

Предраг Петровиќ

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Локвенец: Ние сме НАТО, учествуваме во глобалните процеси за безбедност

(ВИДЕО) Локвенец: До пред една година Македонија беше заробена и изолирана држава, а денес е пријател на регионот

Наум Локоски