Ѓорге Иванов ја доби антикорупциска на Управен за унапредените генерали за време на избори

Од:

Трите управни судијки Лидија Ивановска, Тања Терзиева и Едита Насковска му ја уважија тужбата на експретседателот на државата, Ѓорге Иванов, за пријавата на антикорупциската комисија во врска со унапредувањето на армиските генерали за време на изборите.

Иванов преку aдвокатското друштво Лазов и Бадева, поднел тужба на решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, а судот го поништил решението на антикорупционерите. Причина за поништувањето на решението на ДКСК е тоа што немало докази дека за време на избори на унапредените генерали им биле исплатени повисоки примања и поради фактот што Иванов немал можност да се брани во контрадикторна постапка, а не му било доставено решението, туку само објавено на веб-страницата на комисијата.

„Судот не можеше да утврди дали тужениот орган прибавил докази дека дошло до исплата на повисоки плати, во смисла на одредбата од член 34 од Законот, и истите да се цитирааат во оспорената одлука. Врз основа на утврдување на овој факт ќе се утврди дали постои индиција на прекршување на одредбите на Изборниот законик“, пишува во пресудата.

Сега ДКСК во повторна постапка треба да го повика Иванов и да ги испита тужбените наводи преку примена на принципот на контрадикторност.

„Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката, и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази“, стои во образложението на пресудата.

Антикорупциската комисија поднесе прекршочни пријави против претседателот Ѓорге Иванов за указите од 25 февруари, со кои, тој го унапреди началникот на Генераштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, во чин генерал-потполковник и изврши промена на три командни генералски места во АРМ.

Со новите укази претседателот Стево Пендаровски тројца вработени во Армијата ги разреши од позициите на кои ги постави Иванов, а на двајца им ги потврди позициите.

Против оваа пресуда, дозволена е жалба во рок од 15 дена до Вишиот управен суд.

Би можело да ве интересира

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески

Синиша Алексоски на распит во полициската станица Центар

Претседателските привилегии на Иванов и Црвенковски се најдоа пред Уставниот суд

Мери Јордановска

Обезбедувачите на Иванов ќе добијат работни задачи од Пендаровски ако МВР не ги повлече

Кристијан Ландов

Возилото кое Чулев го бара од Пендаровски, било наследено од Иванов

Канцеларијата на Иванов во Џевахир ќе чини 1.950 евра месечно