Канцеларијата на Иванов во Џевахир ќе чини 1.950 евра месечно

Од:

Изнајмени се простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ за кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата.

Помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.

Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак.

Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра.

Би можело да ве интересира

Претседателските привилегии на Иванов и Црвенковски се најдоа пред Уставниот суд

Мери Јордановска

Обезбедувачите на Иванов ќе добијат работни задачи од Пендаровски ако МВР не ги повлече

Кристијан Ландов

Возилото кое Чулев го бара од Пендаровски, било наследено од Иванов

Ѓорге Иванов ја доби антикорупциска на Управен за унапредените генерали за време на избори

Васко Маглешов

Одликувања од Иванов за Акан Сувер, Исмаил Серагелдин и „Македонија 2025“

Претседателот Иванов им врачи „Медал за храброст“ на четворица припадници на АРМ за несреќата кај Ласкарци