Возилото кое Чулев го бара од Пендаровски, било наследено од Иванов

Од:

Автомобилот кој го користел претседателот Стево Пендаровски, а министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, побара да се врати во МВР, бил во претседателскиот кабинет уште кога Ѓорге Иванов ја извршуваше функцијата, дознава „А1он“. Откако Пендаровски дојде на функцијата, тој не побарал ново или дополнително возило, ниту пак, Министерството за внатрешни работи му доделило на користење нов автомобил.

Ако се точни тврдењата на министерот Наќе Чулев и ВМРО-ДПМНЕ, дека службените возила на МВР се користеле за приватни потреби, тогаш злоупотреба правел и експретседателот Ѓорге Иванов, што значи дека автомобилот, и за време на неговиот мандат се користел за приватни потребни. Засега, Чулев во јавноста, освен тврдењата, не објави докази дека возилата биле злоупотребени.

Според телеграмата на министерот за внатрешни работи, Пендаровски треба да врати едно од 35-возила кои се бара да бидат вратени во МВР. Информацијата за „А1он“ ја потврдија од кабинетот на Пендаровски, но велат дека не знаат кој е мотивот за ова барање потпишано од Чулев.

„Информирани сме дека постои интерен допис во рамките на МВР, преку кој се бара враќање на едно возило кое го користи Претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР“, велат од кабинетот на Пендаровски за „А1он“.

Наќе Чулев за „А1он“ рече дека возилата се заведуваат според институцијата или кабинетот која ги има на користење, но не и според име и презиме. Тој истакна дека негова задача е безбедноста на премиерот и претседателот, а доколку некои возила се неопходни да останат на користење, треба да го известат.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска-Давкова води пред Пендаровски со над 130.000 гласови

Орце Костов

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ