Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Од:

Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД. Кому му служеа изјавите на Стево Пендаровски дека од амбасадори дознал кои се позициите на Владата и како таа се бори за националните интереси во однос на интеграцијата во ЕУ, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Дали Стево Пендаровски свесно ја минира Македонија или во еуфорија пред камера глумејќи аналитичар не знае што кажува? Без разлика дали свесно или не, Пендаровски уште еднаш ја докажа својата оговарачка природа на предавство и откривање на националните позиции. Пендаровски не само што ја загрозува Македонија, туку и шири омраза кон САД и претседателот Трамп, кои се наш силен сојузник и партнер. СДС како едвај да чекаа да свртат грб на САД, и да го покажат своето вистинско лице. СДС се качи на бродот со Левица, против Македонија и САД, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он