Антикорупциската комисија поведува постапка за становите на Иванов

Од:

Антикорупциската комисија на денешната седнцица повела постапка за да се испита имотот на претседателот Ѓорге Иванов, откако вчера „24 вести“ објави дека тој купил два стана на Водно, кои во катастарот се запишани на име на неговиот син.

„Ќе се изврши проверка на имотот односно ќе се види како се обезбедени парични средства и дали сите промени се навремено евидентирани во неговиот анкетен лист“, изјави претседателката на комисијата Билјана Ивановска.

Според објавените информации во јавноста, за двата стана што ги купило семејството на Иванов има преддоговор за купородажба, зашто зградата е се уште во градба. Едниот стан е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на улицата Салвадор Аљенде, а вториот е во истата зграда на друг спрат и има 91 квадратен метар.

Од кабинетот на Иванов изјавија дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зошто се уште не го исплатил и нема имотен лист, и дека за станот дополнително бил земен банкарски кредит.

Сепак, ниту кредитот не е пријавен во анкетниот лист на претседателот и тоа ќе биде предмет на проверка во комисијата.

Законот предвидува секој функционер 30 дена откако ќе дојде на функцијата да пријави каков имот поседува. Избраните и именуваните функционери се должни да ја пријават и секоја промена на имотот додека ја вршат функцијата.

Би можело да ве интересира

Левица поднесе преставка за Гаши до Антикорупциска зошто ја носел сопругата во Вашингтон на службено патување

Судир на Антикорупциска и Судски совет за Академијата за судии и обвинители

Имотот на функционерите објавен на веб страницата на Антикорупциска

Управен суд донесе одлука: Прием на слушатели на Академијата за судии и обвинители по изборите

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска

Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила