Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов

Од:

Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за именувања од шефот на државата објавени во Службен весник по распишувањето на претседателските избори.

Антикорупциската комисија, како што беше истакнато на денешната седница, ќе бара информации од Кабинетот на претседателот и од Министерството за одбрана за извршените именувања.

Претседателот Иванов неодамна со укази ги назначи поранешниот аѓутант Мирче Ѓорговски за воен претставник во седиштето на НАТО, полковник Маријо Јуришиќ за воено аташе во Франција, началникот на ГШ Васко Ѓурчиновски го унапреди во генерал-потполковник, Драган Ковачки стана командант на Првата механизирана пешадиска бригада, а Бесник Емини началник на штаб во Здружената оперативна команда.

Комисијата денеска најави дека ќе поднесе прекршочни пријави за 30-тина професори и декани од УКИМ, кои не доставиле анкетни листови. Освен на УКИМ, ДКСК ќе спроведе контроли и на другите универзитети.

Антикорупциска упатува повик до сите раководители во институциите да испратат податоци за избрани и именувани лица, со цел да се ажурира регистарот на Комисијата. Потсетуваат дека за неисполнување на оваа обврска се одговара прекршочно. Анкетни листови се очекуваат и од нотари, извршители и административци.

На денешната седница ќе бидат разгледани и случаи на судир на интереси и непотизам.

Би можело да ве интересира

Јокиќ, Пикси, академици и доктори: Над 2.000 познати се потпишаа за „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Не знам кој нормален во вакви траорни времиња може да размислува за власт, после Нова година ќе мислам на тоа

Орце Костов

Парламентарните и вториот круг од претседателските избори ќе се одржат на 8 мај, првиот круг од претседателските избори на 24 април

Предраг Петровиќ

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Избрани кандидатите за новата Антикорупциска комисија: Меѓу нив и сопругата на адвокатот на Заев

Орце Костов

Џафери: Ако се изборите на 8 мај, Собранието ќе се конституира на 28 мај