(ВИДЕО) Локвеец: На ВМРО ДПМНЕ не им пречи Северна Македонија кога треба да станат дел од извршната власт

Од:

Вчерашниот избор на преодна влада на дело го покажа сето лицемерие и лажен патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, кажа на прес конференција пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец.

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски вчера покажаа дека немаат проблем со уставното име кога треба да станат дел од извршната власт, но им пречи кога државата треба да оди напред, им пречи кога треба да се усвои Законот за одбрана, важен за нашето членство во НАТО.

Кандидатите за министри во преодната влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ немаа проблем дасе потпишат и дадат изјава како министри на Република Северна Македонија, изјавувајќи дека ќе го почитуваат Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Го признаа и претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого велеа дека не го признаваат.

Вчерашната седница е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за гола власт играјќи на лажен патриотизам и дволичност, рече Локвенец.

-Бадијала ВМРО-ДПМНЕ го дели народот и ги навредува своите сограѓани што го користат уставното име. Освен ситно профитерство и политиканство, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никакви вредности и ставови.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе загубат. Затоа СДСМ и граѓаните ќе победат и ќе потврдат дека сме на прав пат. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ја заслужуваат поддршката на граѓаните и ќе доживеат нов изборен пораз, кажа Локвенец.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ