(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

Од:

„Помина цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава за Алта банка против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица. Обвинителот Ненад Савески се уште молчи. Нема никаква информација што е преземено, дали е постапено по кривичната пријава. Дали се обезбедени документите кои ги потпишал Славески и дал согласност за влез на Алта банка по налог на Мицкоски? Дали ги побарал трансакциите? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ за нивната улога?“ изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели „Народот не може да дојде до своите пари, загрозен е банкарскиот систем затоа што Мицкоски и Славески ја внесоа криминалната Алта банка во Македонија. Последните информации од Србија се дека е одземена и дозволата за работа на Алта лизинг, заради стабилност на финансискиот систем. Во Србија има истрага, приведен е сопственикот, банката е во стечај, се истражувата 400 милиони евра. А во Македонија Обвинителството не презема ништо“.

„Дали им се купува време на Мицкоски и Славески да се спасат и да го заташкаат скандалот? Улогата на Мицкоски и Славески е клучна, затоа што тие ја донесоа пералницата на пари на Вучиќ – во Македонија. Славески јавно кажа дека се консултирал со Мицкоски, иако Народна банка треба да е независна. Мицкоски лажеше на надзорната расправа во Собранието во обид да префрли вината врз СДСМ. Му наредни на Трајко Славески да понесе и кривични пријави против СДСМ. Тие што го создадоа овој проблем, со тоа ја донесоа Алта банка. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. Сега тие што се виновни за Алта банка преговараат за нејзина продажба на берза“ рече Кузеска.

Порача дека „Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Тоа значи дека Мицкоски и Славески планираат да ја обезвреднет само за да ги прикријат сметките и трансакциите. Моделот е прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе. На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел. Савески треба да знае дека времето одминува“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски