ВМРО ДПМНЕ: Локвенец зборува за ароганција, а не сака да се откаже од платата и да ја донира за борбата со коронавирусот

Од:

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираат на денешната прес конференција на Хари Локвенец од СДСМ.

„Навистина е потценувачки Локвенец да говори за ароганција, тој кој не сакаше да се откаже од огромната плата и да ја донира за хуманитарни цели против борбата со корона вирусот. Пред СДСМ да направи copy-paste на нивните последни 1 000 изјави со ист лажен наратив дека претседателот Мицкоски го слуша Груевски, а во исто време дека државата блескајќи оди со големи чекори напред, ќе ги советуваме да му купат огледало на Заев и сигурни сум дека во него ќе го види најлошото издание на режимот за кој толку многу зборат, а силно го применуваат. Додека се занимаваат со сопствената суета и ароганција, отфрлајќи ја подадената рака за помош од ВМРО ДПМНЕ, државата тоне. Од омразата и личните фрустрации како и од стравот да не бидат засенети ја офрлаат сета помош, а на државата повеќе од кога било и е потребна“, пишува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие вчера дале конкретен предлог како владата да стигне до 1.2 милијарди евра кои се потребни на стопанството.

„Ги повикуваме да се издигнат над сопствената ароганција и да прифстат помош затоа што тоа и треба на Македонија“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он