(ВИДЕО) Хари Локвенец: Мицкоски со неговиот ментор Груевски шират паника и се обидуваат да привлечат внимание

Од:

На новинарско прашање од денешната прес-конференција на Хари Локвенец, пратеникот од СДСМ за обвинувањата на ВМРО за суета и надменост затоа што ги одбива мерките на Мицкоски, тој одговорил дека Христијан Мицкоски, заедно со неговиот ментор Груевски, се обидуваат да привлечат внимание. Се обидуваат да шират паника, се со цел политички да профитираат, соопштуваат од СДСМ.

„ Во време на голема светска криза, кога сите институции и сите одговорни граѓани се во функција на решавање на овој голем проблем, имаме ситуација во која Христијан Мицкоски, заедно со неговиот ментор Груевски, се обидуваат да привлечат внимание. Се обидуваат да шират паника, се со цел политички да профитираат. Очигледно е дека ароганцијата има огромна потреба од внимание. Токму вчера имаше Економскиот совет на Владата, предводен од премиерот Спасовски, во кои претставниците на опозицијата и дополнителната заменик министерка Кочовска и нивниот претставник Трајко Славевски можеа да ги понудат сите предлози кои ги има опозицијата по однос на решавање на овие заеднички проблеми. Но тоа не се случило. Ние како партија покажавме дека сме спремни да се соочиме со предизвиците во изминатиот период. Се соочуваме со предизвиците и во овој момент и сигурен сум дека го имаме решението и ќе постапиме онака како што е најдобро се во интерес на сите граѓани.
Ги имаме примерите од шпекулациите поврзани со банкарскиот сектор, ги имаме предлозите од потребата за отворање на државните финансиски резерви и сите подобро запознаени во оваа проблематика се свесни дека станува збор за најголемото богатство кои го има оваа држава кои ги дава финансиските гаранции и кон банките во државата меѓутоа и во однос на задолжувањата на државата пред странските кредитори.
Не би давал дополнителни објаснувања затоа што упатените во оваа област многу добро знаат за што станува збор.“, одговорил Локвенец на денешната прес конференција соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор