Ковачевски за Мицкоски: Прикривање на докази е кривично дело, ако ги има, треба да ги достави до МВР или ОЈО

Од:

Лидерот на опозицијата многу пати се поставува како истражител и обвинител, рече премиерот Димитар Ковачевски на прашање дали е сторено се, во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека имал сериозни информации дека истрагата почнала предоцна.

„Прикривање на докази е исто така кривично дело, затоа ако има доакзи, треба  сите да ги достави до МВР или до ОЈО, затоа што се работи навистина за еден грозоморен чин, сторен од нелуѓе и треба согласно законите да бидат најстрого казнети“, рече Ковачевски.

Според него, министерството за внатреши наботи во соработка со Србија, Турција и Интерпол брзо успеало да ги лоцира сите извршители, да ги приведе и сите докази да ги достави до обвинителството.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција