Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Од:

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги отфрли тврдењата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за непостапување во врска со пожарот во Универзална сала и најави дека таа ќе добие кривична пријава за клевета, односно и ѝ порача дека ќе се видат на суд.

Таа додаде дека нема да дозволи Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска.

– Ги отфрлам скандалозните лаги и тврдења на Арсовска дека сум знаела за пожарот а не сум пријавила. Веста се ширеше толку брзо што социјалните мрежи беа преплавени и дознав тука на работно место и веднаш се упатив кон местото на настанот.

Да и одговорам на Арсовска на прашањето како станал проектот небезбеден кога досега потпишала неколку документи за почеток на негова реализација. Истиот проект кој го спори беше испратен преку системот за добивање градежна дозвола за пресметка на комуналии. Градот изврши пресметка, а министерство за култура ја плати за што имаме потпишан договор за комуналии.

Потпишано е решението за реконструкција каде што под број шест стои мислење за механичка отпорост стабилност и заштита издадено од ИЗИС. Таа се потпишала на документи со што ја потврдила безбедноста.

Овој чекор моравме да го направиме повторно, Арсовска не само што две години не презеде нипшто и остави да пропаѓа и рѓосува салата, Арсоввска го оштетила Буџетот за реконструкција на салата со 20 милиони евра поради нејзини личен хир и желба да не се изгради – објасни Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Би можело да ве интересира

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Таткото го поли синот со бензин и го запали – мајката го спаси

А1он

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот