Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Од:

Три градежни возила изгореа во текот на ноќта на градилиште на германската одбранбена компанија „Рајнметал“ (Rheinmetall), во близина на аеродромот Касел-Калден. Полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат.

Криминалистичката полиција отвори истрага, а еден од правците во кои се проверува случајот е можната политичка позадина на инцидентот, пренесува „Шпигел“.

 

Истрагата ја презеде Одделението за државна безбедност при полициската станица во Северен Хесен. Портпаролот на полицијата засега не сакаше да даде информации за обемот на материјалната штета.

Според полициските информации, на локацијата во близина на аеродромот Касел се планира изградба на логистички центар, центар за обука, како и објект за тестирање беспилотни летала.

„Рајнметал“ и германската покраина Хесен во август најавија инвестиции во вредност од повеќе од 260 милиони евра за развој на оваа локација.

Засега нема информации за можни осомничени лица, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот и дали станува збор за намерен напад врз инфраструктурата на германската одбранбена компанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Протести ќе има во Германија, луксузните продавници се подготвуваат за нереди

Катерина Ѓуровски

Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија

А1он

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација